Иако се мислеше дека ќе ја врати формата доколку замине од Реал Мадрид, сепак Геретн Бејл не импресионира по доаѓањето во Тотенхем. За волја на вистината одигра неколку добри мечеви на кои постигна гол, но со вкупниот учинок не импресионираше.

Сега, тој има план, а тоа е да се врати во Реал Мадрид, што секако нема да му се допадне на Зинедин Зидан.

„Мојот план е да се вратам во Реал, кај Тотенхем дојдов само за да се подготвам за Европското првенство, изјави Бејл кој со оваа изјава шокираше многумина во Шпанија, но и во Англија. Бејл со селекцијата на Велс е на подготовки за квалификациите за СП.