Десет гејмери поднесоа тужба до федералниот суд на САД во обид да спречат спојување на „Активижн близард“ (Activision Blizzard), компанијата што ја создаде играта „Call of Duty“, и Мајкрософт. Гејмерите велат дека договорот за спојување „тежок“ 69 милијарди американски долари, односно купувањето на ривалот од страна на „Мајкрософт“, кој ја создаде играчката конзола „Иксбокс“ (Xbox) „ќе создаде монопол во индустријата на видеоигрите“.

Advertisements

Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“, пак, соопшти дека понудата од 69 милијарди долари за купување на производителот на видеоиграта „Call of Duty“, „Активижн Близард“, ќе им користи подеднакво и на гејмерите и на гејмерските компании.

„Мајкрософт“ го изнесе аргументот со цел да го убеди судијата во американската Федерална трговска комисија да дозволи договорот да се реализира откако комесари во жалбата, со која сакаат да го блокираат договорот, наведуваат дека спојувањето ќе ја попречи конкуренцијата во индустријата за игри.

„Предложеното преземање на ‘Мајкрософт’ ќе му даде и средства и мотив да ѝ наштети на конкуренцијата, со манипулирање со цените, со правење игрите на конзолите на конкурентите да бидат полоши или со недавање содржини на конкурентите, со што би им се наштетило на потрошувачите“, соопшти Федералната трговска комисија.

Прикажи повеќе