Репрезентативецот на Шпанија,  Гави, го постигна петтиот гол за „Црвената фурија“, во триумфот од 7:0 против Костарика и стана третиот најмлад стрелец во историјата на Светските првенства.

Advertisements

Со 18 години и 110 дена, футбалерот на Барселона е најмладиот играч кој постигнал гол за Шпанија на Мундијалот.

Пред Гави на листата се легендарниот Пеле, кој против Велс на СП во 1958 година, постигна гол на возраст од 17 години и 238 дена и мексиканецот Мануел Росас, кој на првото првенство во Уругвај во 1930 година, имаше 18 години и 93 дена, кога двапати ја затресе мрежата на Аргентина во поразот од 6:3.

Прикажи повеќе