Податоците на операторот на гасоводот Северен тек 1 „Gascade“, изутрината покажуваат проток на гас од Русија за Германија. Станува збор за околу 30 милиони киловат часови. Во претходните денови нивото беше нула. Европа го очекува рестартирањето на гасоводот „Северен тек 1“ од Русија, откако годишното одржување, според најавите од Москва, треба да заврши денеска. Сепак европските влади се подготвуваат за можни дополнителни намалувања на снабдувањето.

Advertisements

Рускиот добавувач „Газпром“ откако кон средината на јуни за 60 отсто ги намали испораките на гасот преку Северен тек 1 поради, како што беше објаснето, неможноста поради санкции од Канада од ремонт да биде вратена гасна турбина, на 11-ти јули започна редовното годишно техничко одржување и ги запре испораките.

Прикажи повеќе