Сите оние кои очекуваа викендов да го видат напаѓачот Кристијано Роналдо на теренот со дресот на Ал-Наср останаа разочарани. 37-годишниот, кој пред само неколку дена пристигна во Саудиска Арабија, првиот меч со својот нов тим ќе го одигра на 22 јануари.

Advertisements

Веста ја потврди тренерот на тимот Ал-Наср, Руди Гарсија. Тој појасни дека авантурата на Роналдо во саудискиот шампионат, тоа на Саудиската Про лига, ќе биде на 22 јануари.

„Кристијано нема да игра на следниот меч кој го имаме против Ал Шабаб. Тој ќе биде на теренот против Ал-Етифак на 22 јануари“, изјави Руди Гарсија.

Дебито на португалскиот напаѓач исто така беше одложено бидејќи е суспендиран на 2 натпревари од Премиер лигата. Сепак, се чини дека и Роналдо и тренерот Гарсија побараа да имаат повеќе време на располагање за да го изведат португалецот, кој се уште не е запознаен со својот нов тим.

Прикажи повеќе