Репрезентацијата на Швајцарија загуби од Гана (0-2) на контролен натпревар кој се одигра во Абу Даби како најава за Светското првенство (СП) во Катар.
Швајцарците кои со Србија и Камерун ќе бараат место понатаму во групата во која уште е и Бразил, важеа за фаворити на хартија, но не успеаја против африканскиот тим кој одигра навистина допадлив натпревар и ги искористи шансите.
Гана шутна шеcтпати во рамки на голот на Зомер, а погодија Салиса и Семењо во 70. и 74. минута. Поразителен факт за Швајцарија е што ниту еднаш не шутна во рамки на голот на ривалот во текот на целата средба.