Пред околу 100 години, познатиот германски фотограф Курт Хилшер објавил книга составена од фотографии од Југославија, а во изборот фотографии се вклучени и места од Македонија. Каспер Моленар, современ холандски фотограф, ја купил таа книга за време на неговите студии и решил да се впушти во неверојатна авантура.
Каспер Моленар / FacebookКурт Хилшер бил германски фотограф и учител, кој живеел и творел во периодот од 1881 до 1948 година на минатиот век. Негова пасија отсекогаш била фотографијата што го водела низ животот.
Тој решил да обиколи голем дел од Европа во периодот од 1910 до 1930-тите години на минатиот век создавајќи култни фотографии од места кои му биле привлечни вклучувајќи и места од нашата земја.
Курт покрај книгата посветена на Југославија е автор на многу други успешни книги исполнети со пејзажи и архитектура.
Холандскиот фотограф Каспер Моленар бил воодушевен од Хилшер и така тргнал во потрага со цел да ги најде тие места и да ги пресоздаде фотографиите направени низ цела Европа.
Каспер со години патувал низ цела Европа за да ги детектира истите места што ги овековечил Хилшер да ги фотографира и потоа да ги спореди фотографиите.
Денес, светот се восхитува на овој потфат на Каспер чија идеја била да ни покаже колку работите можат да се менуваат со текот на времето или да останат исти.
Да се види фотографија направена пред 100 години и во сегашноста е фасцинантно, не само од компаратистичка појдовна точка туку овој проект е и од огромно културолошко значење за Европа и за нас.
Ние сме горди што ваков реномиран фотограф забележал и овековечил дел од нашата историја, архитектура и природа. Повеќе фотографии можете да видите на „Yugoslavia 1926 – Present – In the footsteps of Kurt Hielscher“ и „In the footseps of Kurt Hielscher“.