Викторија Кларк од англискиот пристанишен град Фовеј не можела да престане да се смее кога го земала мобилниот телефон што го оставила на плажата.
„Отидов на капење, немаше никој на плажата, па поставив автоматско снимање на мојот мобилен телефон“, изјави таа за Cornwall Live.
На почетокот ништо интересно не се случило, а потоа галеб го забележал мобилниот телефон и му пришол и позирал пред него неколку секунди. Резултатот е серија фотографии кои изгледаат како да прави селфи.
Кларк имаше направено неколку разгледници од фотографијата бидејќи на многу луѓе во градот им се допадна селфито со галеб и стана вирално.