Израелската филмска ѕвезда Гал Гадот со став за претстојната улога на Клеопатра, по мноштвото обвинувања на филмските критичари кои велат дека требало да се одбере арапска или африканска актерка која ќе ја игра античката египетска кралица.
„Како прво, ако сакате бидете верни на фактите, тогаш треба да знаете дека Клеопатра била Македонка“, изјави актерката за „BBC Arabic“.
„Баравме македонска актерка што може да одговара на ликот на Клеопатра. Но не најдовме, а јас сум многу страствен обожавател на Клеопатра“, вели таа.
Контроверзиите избувнаа уште во октомври откако Гадот објави дека ќе ја глуми Клеопатра и ќе биде ко-продуцент на филмот.
Хана Флинт од „The Guardian“ ова го нарече „еден чекор назад за репрезентацијата на Холивуд“, додека режисерот Лекси Александар рече дека улогата треба да ја игра црна актерка, повикувајќи се на изгледот на Клеопатра.
„Имам пријатели од целиот свет, без разлика дали се муслимани или христијани, католици, атеисти, будисти или евреи, се разбира… Луѓето се луѓе, и со оваа улога сакам да го прославам наследството на Клеопатра и да оддадам чест на оваа неверојатна историска икона на која толку многу ѝ се восхитувам“, изјави Гадот.
Таа изјави дека сите луѓе се добредојдени да прават свои филмови.
„Знаете, секој може да го снима овој филм и секој може да продолжи и да го стори истото. Јас сум многу возбудена и ќе го направам своето“, изјави Гал.
„Би-би-си“ го постави прашањето Клеопатра: македонска или египетска?
Клеопатра, родена во античката египетска престолнина Александрија, беше последниот владетел во династијата основана од македонскиот генерал Александар Велики Птоломеј, чии потомци управуваа со Египет уште 300 години по него.
Долго време се сметаше дека се белци со висок степен на крвно сродство. Но, постои мистерија околу идентитетот на нејзината мајка, што доведува до шпекулациите дека Клеопатра можеби била од мешано потекло.
Во 2008 година, египтологот Сали Ен Ештон од музејот „Fitzwilliam“ во Кембриџ создаде реконструкција на ликот на Клеопатра од комбинација на слики од антички артефакти. Тој покажа и ја потврди нејзината мешана етничка припадност.
„Таа веројатно не била со целосно европско потекло“, изјави д-р Ештон во тоа време за „Daily Mail“.
„Фактот дека нејзиното семејство навистина живеело во Египет 300 години до моментот кога таа дошла на власт, стои“, објасни тој.
Следната година, документарец на „Би-Би-Си“ кој зборуваше за откривањето на можниот скелет на сестрата на Клеопатра, Арсиное, повторно го отвори прашањето за нивното мешано потекло.
Но, на почетокот на оваа година, Кетрин Бард, професор по археологија и класични студии на Универзитетот во Бостон, за „Newsweek“ изјави дека Клеопатра VII била бела – со македонско потекло, како и сите потомци на Птоломеј кои живееле во Египет.