Фондот за здравствено осигурување ангажирал фирма рачно да ги внесува податоците за исплата на платите на здравствените работници и за исплата на боледувањата, изјавила директорката на Фондот Магдалена Филиповска Грашковска за Слободен печат. Таа се надевала дека најдоцна до понеделник ќе се решела ситуацијата. Од друга страна, медицинарите се подготвуваат за штрајк ако не ги добијат јануарските плати до 20 февруари.
Системот на Фондот за здравство е хакиран веќе десетти ден, а Фондот за здравство денеска го пречекори законскиот рок за исплата на плата на медицинарите.
Не се исплаќаат рефундации за лекови, боледувања, жените на породилно немаат земено надомест за јануари.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.