Франција ќе ги зајакне ограничувањата на невакцинираните патници од низа земји за да се спротивстави на враќањето на инфекциите со КОВИД-19, истовремено отворајќи ги вратите за оние кои ги примиле вакцините, рече денеска премиерот Жан Кастекс, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Овој потег доаѓа во моментот кога Франција се соочува со брз наплив на нови инфекции со коронавирус,  а претседателот Емануел Макрон се обидува да ги убеди французите да се вакцинираат.

Од недела, 18 јули, невакцинираните лица кои доаѓаат од Велика Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Холандија и Грција ќе треба да презентираат КОВИД-19 тест направен помалку од 24 часа пред да влезат во Франција.

„Бидејќи вакцините се ефикасни против вирусот, а особено неговата варијанта Делта, ограничувањата што важат за патниците кои имаат корист од целосен распоред за вакцинација со вакцина признаена од Европската агенција за лекови (Pfizer, Moderna, AstraZeneca или Janssen) ќе се повлечат од оваа сабота, 17 јули“, рече тој.