Франција закажа финале со Шпанија во недела од 20.45 часот во Милано, откако вечерва во спектакуларниот меч во Торино со безброј шанси, многу возбудувања, светскиот шампион успеа „да се врати од мртвите“ и после големата негатива од првиот дел со 0-2, на крај Тео Ернандез во судиското надополнување да донесе џиновска победа.

Јаник Караско во 37-та и Ромелу Лукаку во 41-та погодија за Белгија да дојде на чекор до финале после првите 45 минути.

Карим Бензема во 61-та најави кам-бек на Франција, седум минути потоа Килијан Мбапе реализираше пенал откако Ентоан Гризман го изнуди, а ВАР го потврди, по што следеше неверојатна завршница. Пет минути пред крајот, после напади и на двата тима,

Лукаку даде втор гол од еден контранапад на асистенција на Караско, ама сантиметри беше во офсајд и ВАР го поништи, а откако Пол Погба ја погоди ивицата од рамката од голот од слободен минута пред крајот, во следниот сериозен напад преку Бенжамин Павар, топката дојде до Ернандез и од 16 метри откосо погоди во мрежата за конечен триумф.

Белгија и Италија како поразени во недела од 15 часот во Торино ќе играат за третото место, а Франција и Шпанија во вечерен термин ќе се борат за пехар и парична награда од 10,5 милиони евра.