И оваа година доделувањето на „Billboard“ наградите ја воодушеви публиката, потврдувајќи го својот статус како настан што секогаш презентира талентирани уметници, неверојатни настапи, како и гламур на црвениот тепих.

Настанот беше пренесуван во живо, директно од театарот „Microsoft“ во Лос Анџелес. Домаќин беше Ник Џонас, кој исто така ја затвори церемонијата со неговиот бенд „Jonas Brothers“, заедно со „Marshmello“.

„The Weeknd“ понесе 10 награди од вкупно 16 номинации и беше прогласен за најдобар машки изведувач, најдобар изведувач на радио песна, најдобар R&B изведувач и најдобар R&B машки изведувач.

„Pop Smoke“ освои пет награди , вклучувајќи ги ја и онаа за „врвен нов изведувач“, додека пак „BTS“ (кои премиерно го изведоа нивниот втор хит на англиски јазик „Butter“) и „Bad Bunny“ се закитија по четири награди.

Пинк, која беше почестена со „Icon Award”, ја изненади публиката со неверојатен настап со нејзината деветгодишна ќерка Вилoy, заедно изведувајќи ја песната „Cover Me in Sunshine“.

ВИДЕО: Сите зборуваат за настапот Пинк и нејзината ќерка на музичките награди „Билборд“

Но, ѕвездите блескаа со еднаков интензитет и на црвениот килим. Ова се најдобрите креанции што ја одбележаа вечерта на „Billboard Awards“:

Пријанка Чопра блесна во кристално-златна мрежеста наметка на „Долче и Габана“ со длабоко деколте, висок разрез и златен ремен, кој го дополни со златни сандали.

Алиша Кис се појави во обичен розов кроп топ, панталони со висок струк и обемна наметка.

Синтија Ериво за овој настан се одлучила за креација на „Каролина Херера“, со карактеристични карнери и црно-бели точки, комплетирана со чевли од „Кристијан Лубутин“ во соработката со Идрис и Сабрина Доуре Елба.

Меган Фокс се појави во ултра-секси „ризичен“ дизајн на „Муглер“ со провидно здолниште со средна должина и потпетици на Џими Чу, додека пак нејзиното момче, изведувачот Машинган Кели, се појави во деконструиран смокинг од „Балмаин“ со откопчана кошула. Кели го обои својот јазик во црна боја и го комплетираше својот изглед на најуникатен начин.

Рене Елиз Голдсбери блесна во мини фустан во златно-лимета боја со асиметрично набрано деколте, штикли на Џузепе Заноти и накит „Шопард“.

Пинк за нејзината голема ноќ се одлучила за розова драпирана наметка со соодветни обетки и прстени од Анабела Чан.

Севити се појави во тоалета на „Гиамбатиста Вали“ со слоено збрчкано здолниште, во комбинација со потпетици на „Касадеи“ и накит од Анабела Чан и Ле Вијан.

Келани го комбинираше својот блескав градник со наметка од ракави со волумен и сирена здолниште.

Доџа Кет годинава избра тивка и воздржана насока со „Балмен“ и постигна чиста елеганција.