Јелена Карлеуша ги маѓепса своите следбеници на својот инстаграм – профил со нова фотографија на која е облечена во тесен фустан со змиски дезен.
Поп-пејачката реши и овој пат да ги остави без здив своите фанови со новите фотографии и кратки видеа на социјалните мрежи благодарение на уникатниот моден изглед што го избрала за последната фотосесија.
Покрај тоа, таа носи и маска која е идентична како и фустанот во кој е фотографирана, косата и е сплетена во многу долга плетенка, а нејзините нозе и совршениот задник се во преден план.
Нејзините обожаватели не можеа да останат рамнодушни на овој провокативен изглед на ЈК.
„Жена бомба“, „Жена – змија, мајка и кралица“, „Изгледаш брутално“, „Секогаш кршиш сè“, „Јелена , повторно доминираш, кралица“– се само дел од коментарите на нејзините бројни фанови.