Креаторите од компанијата „Лего“ во чест култната серија „Пријатели“ подготвија цел сет коцки кои се инспирирани од ликовите и настаните во серијата. Причина за ова е новата телевизиска средба на главните ликови за која се снима и цело шоу, а обожавателите со нетрпение го очекуваат.
Со коцките може да се изградат становите од Моника и Џои каде најчесто се одвиваа настаните во серијата. Исто така има опција за да се изгради и терасата од станот на Моника, каде се случија некои незаборавни сцени.
Во 2018 година од „Лего“ беше направен сет со коцки со кој може да се рекреира омиленото кафуле на пријателите – „Централ Перк“.
Креаторите на коцките работеле заедно со продуцентите кои им дозволиле да ги искористат фотографиите од сетот, а исто така одново ги гледале некои од најинтересните епизоди, за да ги создадат што поавтентично најинтересните сцени, како онаа со мисирката за Денот на благодарноста. Секако дел од сетот коцки се и куклите инспирирани до главните ликови Рос, Моника, Чендлер, Рејчел, Фиби и Џои.