Според пишувањето на странските медиуми, Анџелина конечно ја пронашла среќата во љубовта…
Иако разводот со Бред Пит сè уште не е завршен, а според предвидувањето на експертите, тој ќе трае со години, Анџелина влезе во нова романса.
Со години по разделбата од Бред, никој не успеа да ја заинтригира и да и го освои срцето, а тоа сега наводно му успеало на еден музичар.
Нејзиното ново момче е диџејот Дипло, наведува таблоидот „New Idea“. Извори тврдат дека атрактивната двојка е видена на приватна забава во Лос Анџелес како насмеани уживаат во опуштената атмосфера, а актерката наводно нашла утеха во неговата прегратка по неуспешниот брак со Бред Пит.
Споменатиот таблоид наведува дека нивната врска напредувала, и дека актерката го претставила новото момче на своето семејство. Најверојатно, тој се сретнал со децата на неговата избраничка и сите се воодушевени од него.