Легендарната актерска двојка – Мајкл Даглас и Кетлин Тарнер ќе се појават повтотно заедно на екраните.

Овојпат, Мајкл и Кетлин играат во серијата „Методот Комински“ во која ќе глумат поранешни сопружници. Публиката се сеќава на Кетлин (66) најмногу по улогата во „Лов на зелениот дијамант“ од 1984 година, која денес изгледа значително поразлично. Таа се повлече од јавноста поради здравствените проблеми, а со последиците и понатаму се бори.

                                                                       Профимедиа

На почетокот на 90-тите години, на Кетлин Тарнер ѝ бил дијагностициран ревматоиден артритис. Лекарите ѝ рекле дека никогаш повеќе нема да оди. Побарала мислење од други експерти и на крајот пронашла терапија што ја одржала на нозе, но која го земала данокот на другите здравствени полиња. Тоа оставило трага и на нејзиното тело, поради што кружеле гласини дека станала зависничка од алкохол.

Кетлин вели дека тоа не било точно во тој период, но признала и дека подоцна, поради прекумерниот притисок, му се препуштила на алкохолот за да ја потисне болката. Во автобиографијата што ја објави во 2008 година, таа вели дека почнала да пие „затоа што лековите ѝ го поматиле умот“. Со текот на времето, нејзината зависност излегла од контрола и во 2002 година започна со рехабилитација.

                                                                           Профимедиа

Јавно зборувала и за поврзаноста помеѓу нејзиниот изглед и суровиот сексизам на светската актерска сцена.

– Се лутам за сè и сешто, заради неправдите во светот. Ревматоидниот артритис се појави во моите доцни триесетти години – кога Холивуд последен пат ме сметаше за една од водечките, сексуално привлечните дами. Најтешкиот дел за мене беше тој што самодовербата ја градев на физичкиот изглед. Ако го немав тоа, па тогаш која бев јас? – раскажала актерката.

                                                                 Профимедиа

Во својата кариера, Кетлин се сретнала и со ставот дека „жената е сопственост којашто треба да се искористи што е можно повеќе“, но и со колегите кои не ги почитуваат жените, односно се однесуваат со колешките со потценување. Такви кон неа биле Берт Рејнолдс и Николас Кејџ.