„The Weeknd“ ги шокираше неговите бројни обожаватели со својот изглед на неговите последни јавни настапи и неговото музички видео за хитот – „Save Your Tears“.

Instagram

За да го отфрли секое сомневање дека тој навистина го оперирал лицето, во новото соопштение на „Super Bowl“ каде што и ќе настапи оваа година, тој се појави и притоа се виде дека на неговото лице нема извршено естетски корекции.

„Поентата на сите овие завои ја рефлектира апсурдната култура на холивудските познати личности и луѓето кои се менуваат за да им угодат на другите и да се остварат“, објасни тој.

На прашањето на репортерот на „Variety “ зошто намерно се прикажува себеси во тоа издание, „The Weeknd“  одговара:

„Мислам дека може да заклучите дека не ми е важно да бидам привлечен, туку да раскажам една убедлива приказна“, пренесува Индекс.хр.

Instagram
Instagram

Музичарот претходно објасни како создал лик кој поминува една навистина лоша ноќ во Лас Вегас и истакна како секој може да создаде своја сопствена интерпретација на тоа.

Instagram
Instagram

На неговите први појавувања, целото лице му беше завиткано во завои како направил бројни естески корекции, а потоа се појави апсурдно изменето лице во видеото за „Save Your Tears“.

Бидејќи неговото лице навистина изгледаше како од некој цртан филм, малкумина навистина поверуваа дека тој навистина направил бројни пластични операции, но се крена голема прашина и на светот му беа потребни одговори.