Уживаме во дружењето на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова и со задоволство ги следиме сите нивни заеднични моменти кои Сузе ги споделува на својот инстаграм – профил.
Хероината од документарниот филм „Медена земја“ скоро го прослави својот 57 -ми роденден, а благодарение на Сузана прославата траеше цели 3 дена.
Деновиве на својот инстаграм – профил Сузана повторно сподели една интересна фотографија со Атиџе.
Веруваме дека двете дами ги искористиле овие сончеви зимски денови за прошетка на низ главниот град каде и е направена оваа фотографија.
Атиџе и Сузана се фотографираа со „џиновски пчели“, а под објавата стои:
„Кај скопските пчели. И во Скопје има пчели, ама не прават мед и не се како тие во Бекирлија … “
Пчелите на фотографјата се скулптури кои красат еден парк во центарот на градот.