Раперот Марко Маринковиќ или на јавноста познат како Слаткар на социјалните мрежи објави фотографија од неговата сопруга Сања Николиќ и синот Моша.
На фотката која ја сподели раперот може да се види како Сања го држи во раце малечкиот Моша и како си прават селфи-фотографија пред новогодишната елка.
Во описот на фотографијата, Слаткар напиша:
„Прво едно селфи, па може да почнеме со китење“.
Инаку Сања и Слаткар се веќе шест години во брак, а оваа година, поточно на 15 април станаа родители на малиот Моша.