Хрватската пејачка Северина Којиќ (48) позираше гола, а стратешките места ги покри со подароци за да може да ја објави фотографијата на Инстаграм.

„Тој прекрасен празник на љубовта, кој сите нас кога-тогаш нè „мачеше“, некои особено сега. Не можеме да одиме во ресторани, кафулиња, од страв дури ниту кај козметичарката не одам, а и не сакам (го знаете тоа чувство… “, напишала Северина покрај фотографијата.

За фотографијата Северина за неколку часа доби 15.000 лајкови, но и бројни комплименти. Потоа, таа објави кратко видео на Инстастори со истиот кадар.

Нејзиниот сопруг Игор Којиќ, со месеци го нема на повидок, односно со Северина не се виделе долго време, поради што се шпекулира дека на нивниот брак му дошол крајот.

   Инстаграм