Многу толкувања на записите на Нострадамус за оваа година вклучуваат големи пожари, но и земјотреси…
Францускиот пророк Нострадамус е автор на една од најпознатите книги за пророштвата во светот.
Нострадамус своите наводни пророштва ги пишувал во облик на мистични метафори, а повеќето се објавени во книгата „Les Propheties“ во 1555 година.

Многу толкувања на записите на Нострадамус покажале дека во оваа година ќе се случат големи пожари и земјотреси. Нормално, тука се споменати, Грција, Турција, Хрватска, Португалија, Шпанија, Холандија, Франција и Германија.
Пожарите веќе се случија во голем број низ целиот свет, особено во Австралија каде тие беснееа со месеци и одземаа многу животи и уништија голем дел од флората и фауната.

Но пожарите се случија и во Амазонија каде изгоре речиси една третина од „белите дробови“ на светот. Шумите на Амазон останаа опустошени, токму како и во неговите пророштва.

Разорен земјотрес неодамна ги опфати и Турција и Грција, а од силниот потрес во Измир се срушија и неколку згради.
Денес, силен земјотрес, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето Петриња во Хрватска, а земјотресот се почувствува и во Србија. Центарот на Петриња е целосно срушен, а со тоа се потврди уште едно пророштво на Нострадамус.

Нострадамус за време на својот живот ( 1503-1566) ја предвидел и појавата на епидемијата на коронавирусот во светот, за што точно говорат неговите следни зборови:
„Ќе дојде годината на близнаците (2020) во која ќе се појави „кралица“ која ќе дојде од истокот и која ќе ја рашири кугата буквално во текот на ноќта низ целата планета со 7 брда, ќе ги промени и луѓето и ќе се обиде да го уништи светот. Тоа ќе биде крај на светската економија каква што сте ја познавале дотогаш“, напишал Нострадамус.

Неговите толкувачи денес тврдат дека тоа е знак за појавата на коронавирусот, објаснувајќии дека поимот „кралица“, се однесува на „корона“, односно Ковид-19, кој буквално го промени светот и нанесе огромни економски и животни катастрофи на секое парче од земјата.