Насмевката со разделени заби стана заштитен знак за денес 77-годишната американска манекенка и актерка Лорен Хатон. Откако потпишала доста профитабилен моделинг договор на свои 22 години и ѝ било кажано дека мора да ги поправи своите разделени заби, но таа не го направила тоа.

Profimedia
Profimedia

„Поради желбата на луѓето од модната индустрија се сложив да направам сè што се бараше од мене“, изјави легендарната актерка и манекенка во своето ново интервју за модната библија „Вог“, чија насловна страна за време на кариерата ја красеше дури 40 пати.

Profimedia
Profimedia

Наместо да посети забар, Хатон со својата култна насмевка одлучила сама да се позанимава. Како што откри во новото интервју, пред снимањето на модните едиторијали растојанието меѓу забите го пополнувала со парче многу мек восок, а потоа со нож за путер правела црта меѓу забите.

Иако луѓето од модната индустрија ѝ сугерирале да поработи на својата насмевка, нејзините препознатливи разделени заби не ѝ ја уништувале кариерата, па така таа во 1974 година потпишала историски договор вреден милион американски долари со козметичкиот гигант „Ревлон“, а насловната страна на американското издание од магазинот „Вог“ ја красела 27 пати.

Profimedia
Profimedia

Иако се наоѓа на праг од осмата деценија од животот, Хатон и денес може да се пофали со бројни модни ангажмани. Во 2017 година таа влезе во историјата како најстарата дама на насловната страна на магазинот „Вог“, а во последните години со својата појава ги збогати ревиите на брендовите како „Том Форд“, „Валентино“, „Ботега Венета“…

Profimedia
Profimedia

Своето грациозно стареење таа му го препишува на пилатесот и добрата рутина за нега на кожата. Хранливите состојќи кои ги става на лицето, во вид на различни природни маски ѝ помагаат да изгледа одлично.

Profimedia
Profimedia
Преземено од Еспресо.мк