Принцезата Дијана и принцот Чарлс имале иста висина. Меѓутоа, ако погледнете некои вообичаени фотографии, ќе забележите дека тој секогаш изгледа како да е многу повисок од неа.

Портпаролот на Бакингемската палата за „Њујорк Тајмс“ во јули 1981 година изјави дека Дијана била висока 177,8 см, а принцот 180 см. Сепак, на фотографиите таа секогаш изгледала многу пониска од него.

EPA/LASZLO VARGA
EPA/LASZLO VARGA

Писателот Флип Н. Коен, кој се занимава со скандалите на кралското семејство, пред долго време го објасни овој феномен во една од своите публикации.

Тој објасни дека кога се создала поштенската марка, за која изминатите недели многу се зборуваше во Велика Британија, фотографот го кренал Чарлс на кутијата за да изгледа повисоко, помажествено и да доминира покрај неговата сопруга со која бил скоро иста вистина.

Twitter
Twitter

Во барањето на фотографот не се објаснети другите фотографии, но веќе се вели дека Чарлс инсистирал да биде повисок бидејќи така ја смирувал својата несигурност.

Дури се шпекулира дека Дијана дури била и некој сантиметар повисока од Чарлс, но дека од дворецот никогаш не сакале тоа јавно да го признаат.

Преземено од Еспресо.мк