Ќерката на директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, никогаш не сакала да се експонира во јавноста, а според коментарите на многумина пораснала во вистинска убавица. Александра има 20 години и, иако студира продукција, воопшто не покажува интерес за шоубизнисот. Слатката русокоса не е активна на социјалните мрежи, а во неколку наврати е видена на „стори“ кои ги објавува познатиот режисер и фотограф Дејан Миличевиќ.

Александра Поповиќ/Принтскрин

Дека не сака помпезни работи, докажала и со нејзината роденденска забава со која прославила полнолетство. Иако Поповиќ со сопругата Сузана Јовановиќ сакале да ѝ организираат гламурозен настан, таа сепак се одлучила за многу поскромно одбележување на денот

Александра Поповиќ/Принтскрин

– Александра не пие, не пуши, не се дрогира и не носи пирсинзи. Дури и не излегува навечер – има изјавено Саша во една прилика.