Улогата на оваа супстанција е двојна: да го подобри и надополни мирисот на парфемот и да го „зацврсти“ мирисот на парфемот на човечката кожа, така што ќе трае подолго. Мирисот варира, но е претежно сладок, мошусен или земен.

„Има моќен, неверојатен мирис од кој на жените им се тресат колената – рекла актерката Дру Баримор кога првпат мириснала на амбергрис или сив амбер, ароматична супстанција во вид на восок, која настанува во дигестивниот тракт на еден вид кит (латински назив Physeter catodon).

Холивудската актерка еднаш им призна на новинарите на магазинот „Пипл“ дека мирисот на таа материја сосема ја освоил со своите мошусни, слатки ноти и дека мириса божествено.

                                                               Инстаграм

Таа имала можност да помириса сив амбер при изработката на своите парфеми, додека откривала разни мириси и нивните комбинации. Инаку, оваа супстанцијаа сè уште може да се најде во некои од најскапите парфеми, но сè помалку се користи поради заштитата на овој вид китови кои се загрозени. Експертите за изработка на парфеми направиле молекуларна копија на амбергрис којшто станал составен дел на многу мириси.

– Му благодарам на Господ за тоа – коментирала Баримор и додала дека, иако го обожава мирисот на својот сив амбер, сепак, ѝ е многу помил фактот што ги оставила китовите да живеат во мир.
Иако тоа е нелегално во некои земји, многу производители на парфеми сè уште користат сив амбер, како што се „Шанел“ и „Ланвин“, пренесува National Geographic. Неговата улога е двојна – да го подобри и надополни мирисот на парфемот и да го „зацврсти“ мирисот на парфемот на човечката кожа, така што ќе трае подолго.

Неговиот мирис варира, но претежно е сладок, мошусен или земен.

                                                       Профимедиа

Од каде точно излегува од китот – не е јасно

Некои научници сметаат дека излегува од устата како плувачка. Кога овој вид китови имаат иритиран желудник или грло, тие го покриваат со масна материја па го исфрлаат надвор. Другите се убедени дека оваа состојка излегува од задниот дел на китот заедно со изметот – тоа е теорија на која се повеќе склони.

– Дали излегува на овој или оној начин, голема грамада од оваа супстанција завршува во океанот, а потоа плови со децении или којзнае колку долго. За тоа време, од леплива материја се претвора во тврдо, сиво парче. Тоа е она што го сакаат производителите на парфеми – објасни научникот д-р спец. Кристофер Кемп, а пренесува „Инсајдер“.

Прво, оваа супстанција содржи единствена хемикалија наречена амбреин. Таа се фиксира, што значи дека другите мириси во парфемот траат подолго. Но, сивиот амбер е ценет и за нешто друго, а тоа е мирисот. Тоа е букет од 20 до 30 хемиски соединенија, секој со свој профил на мирис. Едниот ќе мириса некако сна печурки, другиот малку на тутун, едниот на измет, другиот на трева и слично – додал тој.

                       Фејсбук/Smithsonian’s National Museum of Natural History
Сивиот амбер се нарекува и „морско богатство“

Луѓето знаат за него повеќе од 1.000 години, иако на почетокот немаа идеја од каде потекнува. Обично се наоѓа на крајбрежјето како стврдната супстанција и се смета за ретка.

Медиумите пред неколку години ја пренесоа веста за момче кое додека шетало по крајбрежјето на Дорсет во Велика Британија, пронашло „чудна материја“ тешка нешто помалку од половина килограм.

Отпрвин, неговите родители не знаеле за што станува збор, но кога пребарувале на интернет, сфатиле дека во рацете имаат мало богатство. Парчето што го нашол нивниот син вредело стотици илјади долари. Не е познато што направиле со него.

Научниците не знаат точно зошто, но само околу еден процент од овој вид кит произведуваат сив амбер. Многу истражувачи, кои со години го проучувале овој вид кит, никогаш немаат можност да видат како китот ја исфрла оваа лигава материја во океанот. Тие се согласуваат дека е добро што употребата на сивиот амбер е забранета во некои држави, како што се САД.

– Никогаш не е добра идеја да купувате или продавате производи од загрозен вид животно. Пред почетокот на ловот на китовите имаше повеќе од еден милион од овој вид китови, а сега сме поблиску до една петтина од тој број – вели научникот д-р Шејн Геро кој со години се занимава со проучување на овој вид китови.