Бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар објави фотографија на социјалните мрежи на која позира пред редок модел на хеликоптер од производителот „Мерцедес“ за кој напаѓачот на ПСЖ издвоил 10, 5 милиони долари.

Летото, од марката „Мерцедес“, модел H-145, не е во сериско производство и се изработува само по специјални нарачки.

Дизајнот на леталото е инспириран од футуристичкиот автомобил на суперхеројот Бетмен, чиј голем обожавател е 29-годишниот Нејмар.