реклама

Зоолошката градина во Скопје на својот Фејсбук профил пишува дека малите лавцинја Лука, Ана и Хана слават прв роденден.

„Денеска со голема радост го прославивме првиот роденден на белите лавчиња Луна, Ана и Хана кои се родија во Скопје ЗОО. Нашите вработени се дружеа со дечињата од градинката „Светот на Колорес”, а музички роденденот го збогатија детските евровизиски претставници Лара и Јован и нашите пријатели од ДКЦ Карпош. Луна, Ана и Хана си добија најубава торта од своите зоонегуватели, направена според нивната табличка за исхрана, а нашите гости уживаа во вкусната торта со ликовите на лавчињата и мама Бела“, напишаа од таму.

реклама