Црвената боја пред 20 години беше заштитен знак на Габриеле Солис во серијата „Очајни домаќинки“. Тој лик го глумеше популарната актерка Ева Лонгорија, а со нејзината најнова објава покажа дека оваа боја и денес одлично и прилега…
Овој пат наместо фустан во таа боја таа се појави во бикини и ги покажа своите атрибути.
45-годишната актерка се пофали со оформеното тело кое е резултат на редовното вежбање.
„Ти не старееш“, „Неверојатна жена“, „Фантастично изгледаш“, се само дел од комплиментите кои ги доби таа.
Во последно време Лонгорија стана зависна од вежбањето во мини трамболина која ја носи секаде со себе.
„Многу работам. Трчам, вежбам јога, пилатес, SoulCycle, непрекинато ги мешам вежбите“, изјави таа за магазинот „People“.
Освен тоа тренира и во теретана. По раѓањето на синот Сантиаго во 2018 година, таа започна да тренира со Грант Робертс кој и помогна да се врати во топ форма.