Кајли Џенер на социјалните мрежи се пофали со луксузот во кој ужива.
За зимски одмор милионерката го одбра Аспен, каде што ужива во куќа со седум спални соби, за што плаќа „само“ 450 илјади долари месечно.
Кајли со ќеркичката Сторми, сестра ѝ Кендал и мајка ѝ Крис и уште неколку пријатели се сместени во куќа на четири ката, која моментално е на продажба за 75 милиони долари и во која има и кино, базен, куглана…
Кога не се во куќата Кајли и друштвото уживаат во снежните лудории.