Портпаролката и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, марија Митева, денеска објави дека нејзиниот автомобил бил демолиран, од како што таа вели, политичките противници.
„Го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали“, напиша Митева на Фејсбук, објавувајќи фотографии од искршеното возило.
Од владејачката СДСМ го осудија демолирањето на нејзиниот автомобил.
(Фото: Фејсбук/Марија Митева)