Носејќи ракавици направени од рециклирани материјали и зимска јакна, американскиот сенатор Берни Сандерс со „обична облека“ се појави на инаугурацијата на 46. претседател на САД, Џо Бајден, создавајќи вибрации – што само тој може да ги генерира, пренесе АП за виралната фотографија.

Многу луѓе брзо го овековечија изразот на лицето, но пред се, ракавиците на 79-годишниот независен сенатор во Вермонт и непречно се шегуваат со т.н. мемиња од тој конкретен момент инаугурацијата на Џо Бајден и Камала Харис во средата, за кои тој рече дека повеќе служат за да се загрее, отколку „да бидат мода“. Се започна откако оваа фотографија започна да се споделува, а потоа корисниците на социјалните мрежи почнаа да го фотошопираат Берни на различни локации.

Фото: SMIALOWSKI / AFP / Profimedia

Со суптилен „фотобомбинг“ и официјалните профили на Град Скопје се придружија на фотошопирање на Берни, во овој случај на скопските клупи, а оваа шега наиде на голема интеракција во секциите за коментари под објавите.

Сенаторот се „појави“ на две фотки.

Фото: Град Скопје
Фото: Град Скопје

Според она што може да се прочита досега под објавите, скопјани слатко се насмевнаа откако неочекувано го забележаа сенаторот на клупите низ главниот град.

Погледнете: