Една мајка дошла до одлична идеја како на своите деца да им го поправи расположението, да им го отвори апетитот и да ги израдува секој пат со нов креативен оброк, а нејзините оброци станаа вистински хит на интернет. Самохраната мајка Џејн Хилперт (47) од градот Ипсвич во Велика Британија одлучила да ги радува своите деца ќерката Луелу (11) и синот Томас (7) со секој нејзин оброк. Имено, таа својата креативност ја претворила во генијални оброци, а тема најчесто и биле Ноќта на вештерките, еднорози, Божиќ (нормално во последниов период), а инаку им правела и оброци со природа, животни, детски ликови од цртаните и сл. „Беше ова исклучително тешка година за сите деца. Сакав да им измамам насмевка на лицето на своите деца со цел да знаат дека постојано мислам и се грижам за нив“, изјави таа, и додаде дека секогаш се труди во оброците да додаде овошје и зеленчук со цел децата да се хранат поздраво. За среќа е потребно малку… браво, браво, браво мама!