Експлозивната направа е фрлена утрово околу 5 часот во едно кафуле во Белград во областа Дорчол, пренесуваат српските медиуми.
Ова е втор ваков случај на улицата Добрачина, бидејќи неодамна беше фрлена бомба врз друго кафуле во близина.
Новата експлозија ја оштети фасадата, излогот и автомобилот кој бил паркиран пред него. Оштетената зграда е на компанијата Хорека Системс доо, филијала на Пржионица.
