Пејачката Џенифер Лопез (51) и поранешната бејзбол sвезда на Њујорк Јенкис, Алекс Родригез (45) изјавија дека „работат на некои работи“, но вестите дека раскинале ги нарекоа „неточни“ .
Веб-страницата за вестите за познати личности ТМЗ, „Пејџ сикс“ и на „Њујорк пост“, како и други американски извори во петокот објавија дека славната двојка раскинала.
„Сите извештаи се неточни. Работиме на некои работи“, рекоа во заедничката изјава за магазинот „Пипл“.
Лопез и Родригез станаа пар пред речиси четири години и токму минатата година купија куќа во Мајами во вредност од 40 милиони долари.
Алекс во петокот објави селфи на социјалните мрежи, снимено на брод во Мајами.
„Не грижите се за мене, јас само земам едрилица“, напиша тој. „Кои се вашите планови за викендот?“
Џеј Ло престојувала во Доминиканската Република каде снима филм и во четвртокот се огласи на социјалните мрежи со порака „Најдете добра причина за да се смеете денес“.
„Имаат тежок период, но не раскинаа“, изјави извор близок до парот за списанието „Пипл“.
„Таа снима филм во Доминиканската Република, а тој е во Мајами, па затоа тешко успеваат да се видат“, додал изворот.