Млад брачен пар од Велика Британија Џеј и Клои Хамонд продале сè што поседувале, си дале отказ од работа, го отпишале нивниот синот Оливер од училиште и тргнале на пат околу светот.
Тричленото семејство пролетта во 2019 година ја посетиле Азија, по што сакале да го обиколат целиот свет. Откако се вратиле во Велика Британија тие започнале да планираат како можат да ја спроведат својата голема идеја.
Наскоро се преселиле кај своите родители за да заштедат што е можно повеќе пари, ги продале сите работи што ги поседувале, се откажале од работата како информатичар и учителка и кога собрале 150.000 фунти – тргнале на пат.
Во последната година ги посетиле Мексико, Франција, Бугарија, Грција, Италија… Минатото лето ја посетиле Хрватска, каде поминале вкупно шест недели уживајќи во Сплит, Дубровник, Трогир, Брач…
Нивните авантури можат да се видат на Инстаграм, каде во моментов ги следат скоро 4.000 луѓе.