Италијанската манекенка Амбра Гутиерез (28) беше фотографирана на плажа во Мајами, а по тој повод беше облечена во многу интересно бикини.
Имено, младата убавица, која беше еден од клучните сведоци во постапката против Харви Вајнстин и Силвио Берлускони, уживаше на плажа со своето куче во танга бикини.
Не и пречеа ставовите на присутните и беше една од главните атракции на плажата тој ден.

Таа ја истакна својата манекенска фигура и ги покажа бујните гради и долгите нозе.
Цело време играше со своето куче, а потоа влезе во вода да се разлади, па нејзините влажни бикини се вклопија во бојата на кожата и во еден момент сите помислија дека убавицата е гола.
Да потсетиме, Амбра и стана позната на јавноста кога се натпреваруваше на изборот за Мис на Италија, а потоа се појави во списанието „GQ“, каде беше забележана од моќни функционери.

Пред десет години беше гостинка на „бунга бунга“ забавите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, а подоцна стана клучен сведок во постапката против него.
Исто така, во 2015 година, таа јавно го обвини продуцентот Харви Вајнстин за сексуално вознемирување, а потоа ги објави сите докази и пораки до јавноста. По бројните обвинувања од 80 различни жени, славниот продуцент беше осуден на 23 години затвор во Њујорк.