Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ преку фотографија на неговиот инстаграм-профил откри дека ја запросил неговата девојка Сања Тодорова.

Сања Тодорова и Димче Арсовски / Фото: Инстаграм

Арсовски сподели фотографија на која ја држи дланката на Сања со вереничкиот прстен, а во објавата напиша „Доста беше, до вечноста“.

Фото: Инстаграм

И Сања ја сподели веста на нејзиниот инстаграм-профил, откривајќи дека Арсовски ја побарал нејзината рака еден ден по неговиот роденден.

Фото: Принскрин – Инстаграм

„Роденденски подарок за мене или него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“, напиша таа под објавата, а сподели и стори од моментот на запросувањето.

Фото: Инстаграм

Инаку, идната сопруга на Арсовски, Сања Тодорова е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа.