Италијанската рок – група „Måneskin“ победи на 65-тото издание на Евровизија. Девојките ширум светот „фрлија око“ на фронтменот Дамиано Давид. Сепак, тој е во среќна врска веќе подолго време, но и покрај тоа пејачот постојано објавува фотографии на својот инстаграм – профил со кои го привлекува вниманието на светската јавност.

Освен што со денови беше во фокусот поради сомнежот дека користел кокаин во текот на финалната вечер, неговата бунтовност продолжува благодарение на неговата ексцентричност и нескротлива енергија.

Една постара фотографија на инстаграм – профилот на пејачот повторно е во фокусот на вниманието.

На фотографијата Дамиано е комплетно гол, а голема женска чанта ги покрива неговите гениталии.

Јавноста „полуде“ по оваа стара фотографија на фронтменот на италијанската рок – група.