Холивудскиот режисер Зак Снајдер на социјалните мрежи објави две фотографии од новиот Џокер, кој ќе го игра оскаровецот Џаред Лето во неговиот филм „Justice League“.

Џаред Лето во улога на Џокер веќе глумеше во филмот „Suicide Squad“, но разликите меѓу тoj и новиот Џокер се навистина видливи. Новиот Џокер, се чини, нема да ја има истата фризура, поточно препознатлива зелена коса, а на лицето нема да има тетоважи, што на повеќето љубители на филмовите со суперхерои не им се допадна оваа промена

Новина е дефинитивно долгата залижана коса, гумени ракавици и автентична шминка.

„Justice League“ на Захариј Едвард Снајдер или попознат како Зак Снајдер е предвидено да се дистрибуира на „стриминг“ платформата „HBO Max“ од 18 март, а бројните љубители на стриповите и суперхероите не можат да го дочекаат овој блокбастер.

Режисерот Зек Снајдер требаше да го режира филмот „Justice League“ од 2017 година, но поради расправија со „Warner Bros“ не успеа, а „HBO“ подоцна му понудија нова можност.

Поради пандемијата на коронавирусот, публиката ќе може да го гледа филмот на платформата за „стриминг“ од првиот ден на дистрибуција, што беше незамислива пракса претходно.