Австрија во евроквалификациите во 2019 година двапати нѐ победи, прво во јуни во Скопје со 4-1, а потоа во ноември со 2-1 во Виена, а сега третпат ќе се соочиме и тоа на отворањето на ЕП.

„Првиот меч на голем турнир секогаш е многу важен, па би декол и најбитен. Многу добро ја знаеме Македонија, која има многу, многу добри фудбалери. Не треба и нема да биде проблем тоа што претходно сме играле со нив. Ние имаме многу голема цел во главите, тоа што ни се случи во 2016 година е минато, овој тим стана позрел, а тоа што е сигурно е дека сакаме да бидеме многу подобри од тоа што бевме пред пет години“, вели Фода.