Нерешениот резултат 2-2, кој тимот на ФК Шкупи го постигна на теренот на Динамо Загреб, во рамките на Лигата на шампионите, беше главна вест во сите балкански и европски медиуми.Тренерот на хрватскиот тим Анте Чачиќ не беше задоволен од резултатот.

Advertisements

„Не можам да бидам задоволен од резултатот и не е она што сите го очекувавме.Но, пред нас се уште 90 минути игра, и во овие 8 дена ќе ја анализираме ситуацијата и ќе направиме се за да бидеме подобри во Скопје.Оптимист сум и овој натпревар покажа дека имаме квалитет и мислам дека во Скопје ќе биде друга сторија“, рече Чачиќ.

Овој резултат, според хрватските медиуми, е голем срам за шампионот на Хрватска.

„Ако гледате од агол дека имате тим од Македонија кој го нема рејтингот на Динамо Загреб, може да се каже така.Не можеме да бидеме задоволни со резултатот и ова го кажав и претходно.Но, фудбалот е таков и сите тимови имаат своја шанса“, додаде Чачиќ.

Динамо Загреб во Скопје ќе слета без двајца важни фудбалери.На мечот во Загреб поради повреди беа сменети Кевин Теофил Катрин и Јосип Шутаљо, додека овој последниот може да паузира до 6 недели.

„Знаеме каков играч е и какво значење има за нас, но на крајот не можеме да бараме оправдување за головите што ги примивме и за играта што ја прикажавме.Така што знаеме дека тој има голема важност дека знаеме каков играч е тој“, изјави Аријан Адеми, капитен на Динамо Загреб.

Српските медиуми пишуваат дека УЕФА ќе изрече високи казни за однесувањето на навивачите на двата клуба. Навивачките групи „Бед блу бојс“ и „Шверцери“ на натпреварот во Загреб извикуваа „Убиј го Србинот“, додека „Шверцерите“ го развиорија знамето на Ослободителната војска на Косово. Pеваншот меѓу Шкупи и Динамо ќе се одигра на 26 јули во Скопје, на стадионот „Тодор Проески“, во 21.00 часот.

Махир Тачи