Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите рече дека системот е подготвен за вакцинација и дека вакцини против Ковид 19 ќе пристигант во февруари.
„Со Фајзер разговарав во текот на вчерашниот ден во однос за документацијата која што им беше потребна, луѓето од Регионалната канцеларија во Белград потврдија дека во текот на наредната недела ќе го добиеме договорот. Во февруари вакцините ќе пристигнат и ние ќе го започнеме процесот на имунизација“ рече Филипче
Тој потенцира дека приоритет ќе имаат здравстените работници.
„Како приоритет здравствените работници веќе ги имаме со име и презиме како ќе примаат вакцини, тука во клиничкиот центар во еден пункт, а во останатите градови во здравствените домови, таму каде што се аплицираат вакцините. Во однос на останатите граѓани, согласно возраста и хроничните болести, веќе е направе списокот со име и презиме на 14.000 луѓе, кои што ќе бидат повикувани само преку матичните лекари, а преку системот ’Мој термин’“, информира министерот за здравство Венко филипче.
Министерот Филипче информира дека и оние кои се регистрирани во системот дека го прележале коронавирус ќе бидат вакцинирани, но ќе почекаат да бидат прво вакцинирани оние кои не го прележале вирусот. Во моментов тие се изземени од списоците за вакцинација.
„Еве која е последната препорака, да дури и луѓе кои биле заболени после месец дена се вакцинираат, без разлика дали имаат или немаат антитела. Во таа смисла единствена контраиндикација за вакцинациија е да имаат некаков симптом на болеста. Само во тоа сценарио граѓанинот нема да се вакцинира“, вели Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.