Торакални хирурзи од нашата Клиника ќе испратиме на Клиниката AKХ Виена на Медицинскиот Универзитет, каде ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Посочува дека тоа денеска го договориле со торакалниот хирург, проф.д-р Волтер Клепетко кој лани го предводел тимот хирурзи кои успешно извршија трансплантација на бели дробови на пациентка заразена со Ковид-19.
Ова беше првпат во Европа едно лице заразено со коронавирус да има трансплантација на бели дробови од донор. Со д-р Клепетко договоривме соработка и во други области во хирургијата. Чест ми е што денеска беше мој гостин, за спомен му подарив пеперутка во филигран, со себе да ја понесе традицијата и умешноста на нашите мајстори на филигранството, напиша Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.