Има помалку од 10.000, а ако се вакцинира со побрзо темпо како што беше случај пред една недела, овие дози може да се потрошат до утре. Сепак, за ревакцина има околу 230.000 дози, па за граѓаните што веќе еднаш се вакцинирале, вакцини наменети за втора доза има, вели Министерот за здравство Венко Филипче, кој најави нови пратки вакцини – 70.000 донација од Грција и Бугарија, а и по најмалку 10.000 неделно од „Фајзер“.
Министерот Филипче изјави дека Комитетот за имунизација ќе одлучи ќе дали вакцината на „Фајзер“ во Македонија ќе може да ја примаат и деца од 12 до 16 годишна возраст.
Во однос на граѓаните што во Србија примиле „АстраЗенека“, а имаат под 60 години, ќе мораат и втората доза да ја примат таму. Но, кодовите што ќе ги добијат на потврдата за примена вакцина во Србија ќе им важат и истите ќе може да се скенираат со апликацијата што ќе служи како „зелен дигитален пасош“ за патувања.
Оние што имаат над 60 години ќе можат да ја примат вакцината дома, но претходни ќе треба да се пријават на сајтот „ревакцинација.мк“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.