До крајот на летото во земјава ќе биде постигнат колективен имунитет, бидејќи досега се вакцинирани нешто помалку од 300.000 граѓани, а во следниот период, со помош на донираните кинески вакцини, ќе се имунизира уште поголем број од населението.

„Досега се вакцинирани под 300.000 граѓани, а планирано е во следниот период да се вакцинираат уште 300.000 луѓе. Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет. Секако, не знаеме како ќе влијаат мутациите на коронавирусот, но искуствата од другите држави, вклучувајќи ја и Кина, покажуваат дека вакцините се многу важен фактор во борбата против пандемијата“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој денеска најави дека до крајот на јуни во Македонија треба да пристигнат вакцините од кинескиот производител „Синовак“.

Од јули, третиот и четвртиот квартал, најавени се сите други поголеми количини на вакцини…се очекува, како што е првично највено, да стигнат 350 илјади од вакцините на Фајзер и преку КОВАКС системот, рече Филипче.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.