Венко Филипче е министерот којшто најмногу се заложи и ги активираше младите лекари во здравствениот систем. Додека тој беше министер за здравство дадени се повеќе од 5000 согласности за вработување, со што на секој млад лекар по завршувањето на студиите му се даде шанса да се ангажира и да работи во јавно-здравствените установи ширум државата.

За првпат, приватните специјализанти беа платени за својот труд, земајќи плата во висина од просечна плата на општ лекар. Со ова, приватните специјализанти првпат се почувствуваа дека се дел од системот, постигнувајќи нови стандарди со достоинствени услови за работа.

Исто така, Филипче направи голем напор и за првпат секој млад лекар по завршувањето на лекарскиот стаж и добивањето лиценца за работа, имаше можност да се вклучи со платена работа во здравствените домови и да стекнува искуство во брзата помош, вакциналните пунктови и системот за патронажна нега. 134 медицински сестри почнаа со шестмесечна платена работа во Службата на патронажна дејност.

„Младите студенти по медицина се нашите идни лекари и двигатели во општеството, кои треба да бидат вклучени во процесите на одлучување и креирање на политиките во здравството. Продолжиме да правиме сѐ за да ги задржиме младите тука, да останат и да работат дома, во здравствените установи во земјава. Со поголеми плати, со подобри услови за специјализација и за практично учење ќе создадеме атмосфера младите да останат тука. Само со заеднички заложби на сите чинители, а особено на младите, може да го унапредиме здравствениот систем во Република Северна Македонија“, велеше Филипче како тогашен министер за здравство.

Во мандатот на Филипче, платата на лекарите специјалисти со дежурства достигна 100 илјади денари. Платите на здравствените работници досега најмногу се имаат покачено додека тој ја извршуваше позицијата прв човек во јавното здравство. Основната плата на лекарот специјалист се зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%. На општите лекари се зголеми за 25%, а на здравствените соработници за 15%.