Гранит Џака нема да биде казнет за своето однесување за време и по натпреварот меѓу Швајцарија и Србија, пренесуваат бројни европски медиуми, обелоденувајќи дека ФИФА решила да ја прекине истрагата против швајцарскиот капитен. Тој за време на мечот ги провоцираше противничките фудбалери, но посебно се најде на тапет поради носењето на дресот со презиме Јашари, за што следеше жалба од србите за политичка порака.
Сепак, фудбалерот на Арсенал во меѓувреме се јави со објаснување дека дресот што го носел е на неговиот соиграч Ардон Јашари, на кого му се посветил и победата во третото коло на Србија.
„Нема никаква политичка позадина. Ардон е дел од нашиот тим и многу време минуваме заедно, му ветив дека ќе го носам неговиот дрес откако ќе победиме“, објасни Џака.
ФИФА очигледно го прифати ваквото објаснување на играчот на Швајцарија, запирајќи ја истрагата против него, па фудбалерот на Арсенал ќе може да ја предводи својата селекција во осминафиналето против Португалија.