ФИФА испратила писмо до Фудбалскиот сојуз на Тунис во кое се заканува дека ќе го исфрли од турнирот доколку политичарите продолжат да се мешатаа во работата на Сојузот. Спорно било влијанието на тунискиот министер за млади и спорт, Камел Дегуиче.
„Доколку не се придржувате до овие барања, тоа може да резултира со казни според статутот на ФИФА, вклучително и суспензија на Федерацијата“, се вели во писмото до ФИФА.
Министерот Дегуиче наводно се обидел да го одложи почетокот на националното првенство и да направи лична ревизија, а во еден момент се закани дека тамошното Министерство за спорт има целосно право да го разреши целото раководство на Федерација.
Затоа ФИФА одлучи да интервенира, бидејќи според нејзините закони, сите членки мора да бидат целосно ослободени од политички и правен притисок.
Тунис е во групата Д на Мундијалот, заедно со Франција, Данска и Австралија. Во баражот Тунис беше подобар од Мали со вкупен резултат 1:0./Topsport/