Во турските медиуми излезе информација дека Ангеловски е кандидат за клупата, а „Фотомак“ дури посочува дека контактите и начелниот договор веќе се постигнати.

Али Коч ќе го објави името на новиот тренер на клубот од Истанбул, а тамошните медиуми постојано ја зголемуваат листата на кандидати.

Фенербахче е трет клуб кој се поврзува со Ангеловски, откако од пред почетокот на Еуро 2020, италијански медиуми објавија дека два калчилигаши се заинтересирани за македонскиот селектор – Џенова, чиј член е Горан Пандев, како и ривалот на најстариот клуб на Чизмата, Сампдорија.